Данска е европски шампион во ракомет

by valentina 19:58
19:58

Данската ракометна репрезентација е европски шампион во ракомет. Во финалето одиграно во Хернинг, Данска, ја победи Германија со резултат 34:27 и по трет пат стана европски шампион.

Најдобри стрелци за победниците на турнирот беа Симон Питлик со осум и Јохан Хансен и Матијас Гидсел со по седум гола, додека најефикасни за Германија беа Јоханес Гола, Јури Кнор и Марко Гргиќ со по пет гола.

Ова е четврти пат во историјата Данците да го освојат Европското првенство, прв пат по 2012 година во Србија. Тие беа победници и во 2008 година во Норвешка.

Слични вести