Одговорите да ги побараат кај Зоран Заев, порачаа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ денеска праша како петте тони марихуана, што беа запленети во Србија, завршиле таму преку Македонија, а владата молчи.
-СДС прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, од СДСМ прашаа и кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина дрога и кој сѐ е вмешан во овој, како што велат, картелски скандал во Македонија. Во партијата сметаат дека без поддршка од структури во власта и во македонските институции, ова е невозможно да се случи.