DANKE, DEUTCHLAND

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

by fokus
29 фирми-членки на Стопанската комора на Северна Македонија, преку Коморскиот инвестициски форум ќе добијат грант од 3,4 милиони евра, да го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, со финансиска поддршка од германското Федерално министерство за економска соработка и развој.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

1.Анализите за пазарот на труд кои ги прави аналитичкиот тим на Стопанската комора на Северна Македонија покажуваат дека 36% од населението се надвор од пазарот на труд, а 80% се долгорочно невработени поради несовпаѓање на вештините. Ваквите податоци но и серија други анализи на Комората изминатите 15 години, беа клучни да го поставиме образованието на врвот на приоритетите, што како концепт веќе дава конкретни резултати. По дигитализацијата и дуалното образование како дел од визијата на „Комората на иднината“ одговара на потребите на бизнис-заедницата, со што Комората се позиционира како стратешки партнер, кој со своето знаење и со експертизата ги рефлектира современите трендови и практики на дејствување во брзо и во динамично општество.

Станавме линк помеѓу образованието и бизнисот. По една деценија упорна и макотрпна работа на овие сложени процеси сега доаѓаат резултатите. 211 компании минатата година, оваа 500-тини, влегуваат во системот на дуално образование. Започнуваме темелна реформа и во високото образование која ќе биде свртена кон вештините и потребите на бизнисот и работиме на воведување на пракса во неформално образование, што значи учење во текот на целиот работен процес или доживотно учење. Ваквите чекори ги преточивме и во системски форми на делување во „Комората на иднината“ преку Советите за унапредување на високото образование и за стратешки истражувања и за унапредување на квалитетот на тренингот и на обуките, а го отвораме и процесот на привлекување мали и средни компании кон Комората, со формирањето на Центарот за старт-ап компании, со што го заокруживме процесот на опфаќање на сите компании во Македонија, а не само на големите.

И финансиската поддршка овозможи повеќе компании да се вклучат во практичната обука и дуалното образование. Конкретен инпут за тоа што го прави Коморскиот инвестициски форум со поддршка на финансиски средства од германското Федерално министерство за економска соработка и развој, а се реализираат преку Германската развојна банка (KfW) и Регионалниот фонд за предизвици како уникатен инструмент за финансирањe, е 3,4 милиони евра грант за инвестирање во машини и опрема во стручните училиштата и компаниите за реализација на практичната обука на 29 фирми – членки на Стопанската комора, што ќе го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, за финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за воведување на дуалното образование и реализација на практичната обука, со цел поголема вработливост на младите и обезбедување обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси.

2. Уште пред две ипол години, во јули 2019 година, објавив колумна во домашен месечен економски магазин, со идентичен наслов како денешниот „DANKE DEUTCHLAND“ во која напишав: „Имајќи ги предвид позиционираноста на македонската надворешна политика кон европските интеграции, но и силниот интерес на македонскиот бизнис да стане дел од единствениот пазар, логично се наметнува прашањето – имаме ли ние партнер на кој можеме да се огледаме во овие процеси, кој ќе ни биде поддршка, role-model, но и коректив во постапувањето?“.

Статистичките податоци за обемот на трговската размена на Северна Македонија со Германија во континуитет покажуваат дека 18 години СР Германија била прв трговски партнер на нашата земја. Обемот на размена за две децении е зголемен за 700%. Поради ваквите бројки (кои се идентични во обем и процентуален однос и во 2019 година и сега), во колумната укажав дека бројките, но и искуствата од досегашната меѓусебна соработка упатуваат силна порака до нашата Влада дека капацитетите на нашата амбасада во Берлин треба да бидат на исто ниво како обемот на соработка кој го имаме, и економската дипломатија треба да биде еден од клучните приоритети на работата на амбасадата во Берлин!“.

ПР текст

Поврзани новости