Данка е убиена, уапсени се двајца осомничени, изјави Вучиќ

by Fokus

Две лица се уапсени за убиството на девојчето Данка Илиќ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Имам лоши вести за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапсила две лица кои ја убиле малата Данка, а колку што разбрав и двајцата го признале тоа. Со какви чудовишта си имаме работа. Имаме ли повеќе детали? Ако немаме, останатото ќе ве информира полиција. Благодарам на полицијата за се“, најави Вучиќ на вонредната седница на Владата.

Сега ја водат полицијата до местото каде што го фрлиле телото на детето, посочи тој.

Поврзани новости