Популарниот актер Лазар Ристовски (70) се разведе со сопругата Даница (67) по 42 години брак. Веста за разводот веќе ја потврдија за српските медиуми, појаснувајќи дека не се работи за трета личност, и сакаат да имаат достоинствен развод.
За љубовта на актерскиот пар кој се венчаше во 1980 година, и има два сина, Петар и Јован, во минатото се пишуваше многу.
По повод 41-та годишнина од бракот, лани во интервју раскажаа дека за нив семејството е најголемиот успех и се среќни што успеале да живеат во љубов и разбирање цели четири децении.
-Љубовта ни започна додека бевме студенти, се сртенавме во театарот. Немаме рецепт за среќен брак, посебно во време кога на заедницата брак се гледа несериозно, луѓе се венчаат, па се разведуваат. И двајцата сега сме во заслужена пензија и се радуваме на внукот Богдан, не чекаат радосни времиња – раскажуваа пред само една година.
Инаку, Лазар Ристовски е роден во Војводина, а татко му има македонски корени и потекнува од прилепско, додека пак мајка му била од Црна Гора. Пред три дена стана еден од 20-те добитници на национална пензија во Србија, и до крајот на животот ќе добива месечен додаток од околу 500 евра.
Зад себе има многу филмови, а автор е и на три книги.
Даница исто така има низа на филмски и театарски улоги зад себе.
Вики Клинчарова