Даниловски: За делта-видот е потребен колективен имунитет од 85 отсто

by Fokus

Ситуацијата со корона вирусот во Македонија е смирена, што секако е добар знак за епидемиологот Драган Даниловски.

Факт е дека делта-видот нема да не избегне и мора да се забрза процесот на имунизација на населението во земјава.

„Кај нас повеќе од две седмици процентот на заразени е под еден отсто. Тоа е нешто што би го сместил во доменот на статистичка грешка. Ние практично вирус немаме во циркулација. Индискиот вид е сосема друга приказна. Нема да не избегне и овој вид на вирусот. Делта варијантата е продорна и потребен е колективен имунитет од 85 отсто. Анализите велат дека вакцините штитат и од индискиот вирус“, истакна Даниловски.

 

Поврзани новости