Даниловски: Се чувствувам како овца дека некој мора од страна да ми каже дека не смеам да се движам!

by Fokus

Од вторникот на територијата на Македонија стапи во сила полицискиот час, кој ќе трае до 20 април, со надеж дека бројките на заразени од корона вирусот ќе се намалат.

Епидемиологот Драган Даниловски е револтиран од односот на популацијата, која уште еднаш покажа неодговорност во однос на движењето.

„Оваа состојба е сега како да сме овци, на кои им треба овчар со стап, да ги внесе во трло. Се чувствувам како овца дека некој од страна треба да ми издриктира дека не смеам да се движам, да не правам веселби, дружби и одење по кафулиња. Мора да помогнеме во целата работа за ова планетарно искушение“, истакна Даниловски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

 

 

Поврзани новости