609
Епидемијата слабее, а олабавувањето на мерките во нашата земја е логична последица, вели епидемиологот Драган Даниловски во интервју за „Мета.мк“.
Во однос на социјалната дистанца, Даниловски вели дека доколку се почитуваат препораките, нема да има никаква опасност по здравјето на луѓето.
„Ако граѓаните, излегувајќи надвор, одржуваат социјална дистанца и ако се придржуваат до новововедената мерка за носење маски во секоја прилика, па дури и на отворено, (ако не е можно да се одржи социјална дистанца), мислам дека се ќе биде во ред“, смета тој.