Хрватската поп пејачка Данијела Мартиновиќ изминатиот период беше доста застапена во регионот поради актуелната тема, прекинот на 24-годишната љубовна врска со колегата Петар Грашо.
Тој веднаш по разделбата со неа се впушти во врска со Хана, ќерка на нивните заеднички пријатели и соработници, Тончи и Вјекослава Хуљиќ, а вчера обелодени дека на лето ќе стане татко, бидејќи Хана била во третиот месец од бременоста.
Данијела пак, за целото време ретко се огласуваше во медиумите, и тоа најчесто на теми поврзани со нејзините професионални активности.
Но, во нејзиното последно гостување во емисијата ,,Само опуштено” таа сепак раскажа за периодот по разделбата со Петар, и за чувството да се биде слободна жена по толку години поминати во врска.
-Многу необично искуство, се учам да летам! Слобода е збор кој многу го сакам, тоа е нешто повеќе димензијално. Најважно е чувството на слобода внатре во нас. Како што вели Џибони, сега во се можам да најдам нешто убаво, и можам да кажам -Животе, добар ден!
Кога ќе погледнам назад, едно најтешко искуство ми донесе толку спектакуларни нови работи, кои порано не сум се осмелила да замислам дури и да ги сонувам за себе – раскажа таа.
Додаде дека наполнила 50 години, но не се оптеретува со возраста. Исто така, со години наназад не следела што се пишува за неа во медиумите, со цел да си го зачува внатрешниот мир.
Вики Клинчарова