Викендов во Кратово се одржа манифестацијата „Златни денови Кратово 2024“ на која настапија голем број на домашни музичари, а како ѕвезда на фестивалот беше најавена хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ.
Таа требаше да одржи концерт во саботата, но како што информираа од организацијата, не дошла во Кратово бидејќи била хоспитализирана.
– Договорениот настап на Данијела Мартиновиќ ќе биде реализиран во друго време, од причина што хрватската ѕвезда не успеала да го доведе до крај и својот синоќешен настап (во петокот) и е хоспитализирана. Причина е силна настинка.
На Данијела и посакуваме што поскоро закрепнување, соопштија организаторите на настанот.
Водителка на манифестацијата беше Лила Филиповска, а на сцената се појавија Блага Петреска, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Благоја Грујовски, Кате Брезева Соната, Златко Миладиноски, Елена и Лазар Наумови, Brass Brothers, Тропико бенд, Пајак и други.
Вики Клинчарова