Дани Алвеш за разводот дозна зад решетки, сопругата го остави

by Fokus

Познатиот фудбалер од Бразил, Дани Алвеш (39) се наоѓа во затвор, каде го чека почетокот на судскиот процес за силување.

„Тивкиот настан“ се случил пред Нова година, кога Дани Алвеш за време на ноќно излегување силувал 23-годишна девојка во тоалетот на еден бар во Барселона.

Тој беше приведен во полиција на 20 јануари и оттогаш е во притвор. Судот го одби неговото барање тој да биде ослободен додека трае судењето.

Целиот скандал тешко го поднесе неговата сопруга, поранешната манекенка Џоана Санз. Таа веднаш се огради од сопругот, ги избриша сите заеднички фотографии на социјалните мрежи, а денеска и официјално поднесе барање за развод.

„За животен сопатник избрав личност која во моите очи беше совршена. Секогаш беше таму кога ми беше најпотребен, секогаш ме поддржуваше во се, ме охрабруваше да напредувам, беше нежен, внимателен… Толку ми е тешко да прифатам дека оваа личност ме растури на илјада парчиња“ – напишала Џоана во тетратката, а потоа ги објавила сите делови од нејзините пишувања на социјалните мрежи.

Џоана откри дека Дани Алвеш и покрај се ќе има место во нејзиното срце.

„Ќе продолжам, ќе сакам, но на поинаков начин. Го сакам и секогаш ќе го сакам. Кој вели дека љубовта може да се заборави или е во заблуда или вистински не сакал. Но, јас се сакам себеси, се почитувам и ценам многу повеќе. Простувањето носи олеснување, па ја носам магијата со себе и ставам крај на оваа фаза од мојот живот, која започна на 18.05.2015 година!“ вели таа.

Поврзани новости