Дани Алвеш останува во затвор, одбиено и второто барање за ослободување

by Fokus

Судот во Барселона денеска го одби и второто барање за ослободување на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, кој е во притвор поради наводно силување на жена во Барселона.
Алвеш се наоѓа во притвор во близина на Барселона од 20 јануари, откако беше обвинет за сексуален напад на млада жена во ноќен клуб во Барселона, на 30 декември.

Неговите адвокати побараа ослободување на нивниот клиент на 20 април, откако Бразилецот за време на сослушувањето неколку дена претходно изјави дека сексуалната врска била консензуална.

Првото барање на адвокатот за негово ослободување е одбиено поради ризик од бегство, пренесува „Бета“.

Адвокатите тогаш предложија предавање на двата пасоши, шпански и бразилски, како и плаќање на депозит, но судот во Барселона денеска ги одби сите тие предлози.

Дани Алвеш, кој во саботата наполни 40 години, има освоено 43 титули во кариерата, вклучувајќи три во Лигата на шампиони со Барселона и две Копа Америка со Бразил.

Тој играше на третото Светско првенство минатата година во Катар.

Поврзани новости