Дани Алвеш од затвор: Не ја силував девојката!

by Fokus

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш (39), кој е во затвор во Барселона од јануари, вчера пред судот изјави дека девојката која го обвини за силување доброволно се согласила на сексуален однос, објавија шпанската телевизија RTVE и агенцијата EFE, повикувајќи се на извори од судот.

Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона, Јувентус и ПСЖ во претходната изјава тврдеше дека воопшто немало продор во дискотека во Барселона на 30 декември.

Во понеделникот Алвеш на судијата му кажа дека тогаш лажел за да го скрие неверството од сопругата, но сега ја кажува вистината бидејќи во меѓувреме сопругата му побарала развод.

Неговото сведочење траеше 20 минути и беше затворено за јавноста.

Алвеш инсистираше на тоа дека е невин, рекоа неименувани судски извори.

Фудбалерот во декември отпатува за Барселона откако Бразил беше елиминиран од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство одиграно во Катар. Во Барселона, каде што играше и живееше со години, има куќа.

Откако една девојка го обвини дека ја силувал во тоалет во дискотека, тој на 20 јануари бил уапсен од полицијата. Судијата го одби барањето на неговиот адвокат за условно ослободување. По неговиот притвор, неговиот тогашен клуб, мексикански Пумас, го раскина неговиот договор.

Судењето во Барселона продолжува, а засега не се знае кога ќе биде следното рочиште.

Поврзани новости