Дани Алвеш, поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен, тешко ја поднесува затворската казна.
Бразилските медиуми јавуваат дека неговата психичка состојба е таква што прибегнале кон посебни мерки во затворот и го покренале таканаречениот протокол за да се спречи самоубиство.
Алвеш е осомничен за сексуален напад врз жена во декември 2022 година. Тој беше уапсен во јануари 2023 година и оттогаш е во затвор во Барселона.
Тој се обиде трипати да побара ослободување со кауција, но судијата категорично ги одби сите три барања.
Еден од неговите поранешни затворски колеги во ќелијата им изјави на новинарите дека ситуацијата на Алвеш е многу тешка.
„Тој е многу депресивен. Тој добива помош од затворскиот персонал. Тие се плашат за неговата состојба, се плашат дека ќе се пресече или ќе направи нешто лошо, лудо. Еден ден откако го имаше неговото судење е активиран протоколот за самоубиство“, изјавил екс затвореникот.
И не само тоа. Алвеш планирал да побегне од земјата по неговото ослободување.
„Да го ослободеа привремено во текот на процесот, ќе го искористеше за трајно да замине во Бразил. Така ми кажа“ – додал поранешниот затвореник.
Конечната пресуда за случајот Алвеш се очекува да биде позната во наредните денови.