Данев: Ќе бараме толкување од Венецијанската комисија за правната природа на договорот со Грција

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата дека избегнува дебата за договорот со Грција, иако тие денеска не учествуваат на седницата на која се ратификува истиот.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дрган Данев во изјава за медиумите вели дека Комисијата за надворешни работи е надлежна за разгледување на овој договор, а не Комисијата за европски прашања, која вчера го усвои законот за ратификација на договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Тој истакна дека ќе бараат и толкување од Веницијанската комисија за утврдување на правната природа на договорот.

Поврзани новости