Данела Арсовска денеска станува нов претседател на партијата Нова алтернатива

by Fokus

Конвенција за промоција на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за нов претседател на политичката партија Нова алтернатива е најавена за вечерва во Скопје.

-Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива – Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17. 01.

2024 (среда) во 18 часот, во Кристална сала, хотел „Континентал“ – стоеше вчера во поканата за конвенцијата од партијата.

Арсовска во телевизиско интервју на 5 јануари информираше дека се подготвува да формира политичка партија, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.

Поврзани новости