Данела Арсовска демантира дека нејзината фамилија поседува старски домови

by Fokus

Во врска текстот со наслов „Се проширува ланецот на старски домови во семејството на градоначалничката Арсовска, нов петти дом за стари лица во Петровец“ објавен вчера во Фокус изнесени се невистинити тврдења за факти кои предизвикуваат штета на честа и угледот на Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, се вели меѓудругото во демантот од страна на скопската градоначалничка.

„Имено, насловот и тврдењата дека се проширува ланецот на старски домови во семејството на градоначалничката Арсовска, се неточни, шпекулативни и тенденциозни, во обид да се манипулира јавноста.

Фамилијата на Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, не поседува старски домови.

Бидејќи објавувате невистини на сметка на Градоначалникот на Град Скопје и неговата фамилија, кои претходно не се проверени, ниту е побарано изјава од засегнатата страна, а официјалниот меил и адреса на Градоначалникот на Град Скопје Ви се познати, цениме дека истите се креирани и објавени со единствена цел, да нанесат штета на честа и угледот на Градоначалникот на Град Скопје и поради тоа праќаме демант“, стои меѓудругото во демантот испратен од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска.

 

Поврзани новости