644
Еден од водачите на „За заедничката Македонија“, Борис Дамовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека не чувствува одговорност за ескалацијата на еден од протестите на ова движење кога се случи насилството во Собранието.
-Одговорност треба да чувствуваат тие што ги наместија настаните на 27 април. Јас сум спремен да образложам за што ние се залагавме и дека насилното однесување на изолираната топла немаше врска со „За заедничка Македонија“. Обвинителството ги има сите докази и би било фер да ме повикаат и да ме сослушаат, рече Дамовски.