454
Златко Далиќ и во следниот период ќе биде селектор на хрватската фудбалска репрезентација, објави денес Фудбалската асоцијација на таа земја (ХНС).
Далиќ беше во дилема дали да продолжи со работа поради богатата понуда, како и забелешки на сметка на одредени лица во сојузот, но по средбата со првиот човек на ХНС, Давор Шукер реши да ја продолжи работата со „коцкестите“.
– Ми беше важно тоа што со Шукер зборувавме отвореноза сите теми. Му се заблагодарам на Давор на за разбирањето за она што мислев дека не е коректно. Верувам дека го решивме сите овие прашања и со нетрпение очекувам нови предизвици, изјави Далиќ.
Со него како предводник од клупата, Хрватска играше финале на СП во Русија каде загуби од Франција.