Далиќ: Не сакаме да си одиме дома толку рано

by Fokus

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ изјави дека неговиот тим „не сака да си оди дома толку рано“.

Тој додаде дека против Италија ќе се обидат да се пласираат во осминафиналето на Европското првенство.

„Не сакаме да си одиме дома толку рано. Досега ги немавме резултатите што ги посакувавме, сега ни претстои меч со Италија и сигурно ќе биде историски меч“, изјави Далиќ на прес-конференцијата.

Хрватска во понеделник ќе игра против Италија во последното, трето коло од групата Б на Европското првенство.

„Ја знаеме нашата ситуација и утре ќе бидеме подготвени за борба. Знаеме дека им е доволен бод, па ќе се обидеме да ги спречиме да стигнат до тоа реми. Ќе се обидеме да останеме опуштени, да не ја изгубиме присебноста и да не да го оставиме противникот да доминира“, додаде Далиќ.

Во првото коло Хрватска беше поразена од Шпанија (0:3), а во второто ремизираше со Албанија (2:2).

Поврзани новости