Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, би можел да заврши како поранешниот лидер на Романија, Николае Чаушеску, да биде застрелан, смета поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.
Според него, во овој момент, по сите неуспеси на украинската армија на фронтот, во Украина е нарушен балансот во односите меѓу претседателскиот кабинет и воената команда.
Пример за тоа е неодамнешниот скандал кога беше пронајдена опрема за прислушување во една од канцелариите што ја користеше врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни.
Зеленски го шпионира врховниот командант на армијата, а Залужни веќе е вклучен во политиката“.
„Моите предвидувања се дека во јануари или февруари ќе има државен удар во Украина и Зеленски ќе биде застрелан како лидерот на Романија Николај Чаушеску“, рече експертот во интервју за новинарот Дени Хаифон.
Ритер постојано изразуваше песимистички прогнози во врска со судбината на украинскиот режим. Но, како што пренесуваат медиумите, верзијата дека Зеленски би можел да биде сменет од власт поради воен удар не може целосно да се отфрли, особено што е очигледно влошувањето на односите меѓу Зеленски и воените команданти.
Имено, претходно украинскиот весник „Цензор“, повикувајќи се на разузнавачки извори, објави дека во канцеларијата на личниот асистент на Залужни бил пронајден апарат за слушање. Залузни рече дека тоа е еден од кабинетите каде што работи и тој и инцидентот го окарактеризира како „војна“.
И пред тоа медиумите пишуваа дека генералот и претседателот на Украина биле во конфликт.
Новинарите на „Вашингтон пост“ истакнаа дека Залужни е популарен меѓу населението и дека може да претставува опасност за Зеленски доколку започне политичка кариера.