750
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека вредноста на капиталот, акциите и имотот на Славија, која беше ставена на продажба со почетна цена од над 200 илјади евра, всушност е околу 20 милиони евра. Притоа, според него, позадината на целиот случај е можноста и потенцијалот да се градат станбени единици.
-Има проценка 20 милиони евра, е вредноста, капиталот на АД „Славија“, а се продава за 200 илјади евра, криминал од невидени размери или обид за криминал од невидени размери, а никој тука не ги споменува урбанистичките можности, потенцијалот да се градат станбени единици, тука се многу повеќе пари и тоа е позадината на целиот овој случај – истакна Мицкоски на Македонско радио.