581
Војната во Украина не може да се прелее во БиХ и соседството, а Хрватска е пример за паметна енергетска политика, изјави денеска американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.
На американско-хрватскиот форум, Ескобар рече дека „не мисли дека“ украинската криза може да се префрли во хрватското соседство, бидејќи таа доведе до враќање на европскиот фокус на решавање на кризата во своето опкружување, пренесува Хина.
Војната во Украина, исто така, ги наведе земјите-кандидати за членство во Европската унија „проактивно да покажат солидарност“ со западните вредности, рече Ескобар, наведувајќи го фактот дека Србија ја осуди руската инвазија при гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации на почетокот на март.