Дали војната ќе се прошири и во Молдавија?

by Фокус

Молдавија се подготвува за „целосниот спектар на закани“, изјави денеска министерот за надворешни работи Нико Попеску. Тој го нагласи ова поради стравувањата дека Русија би можела да ги интензивира напорите за дестабилизација на земјата.

-Нашите институции имаат планирано одговори на целиот спектар на закани, иако се разбира дека имаме ограничени ресурси, но во исто време не сме сами во тоа – рече тој.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека почнале да распоредуваат сили на границата со Молдавија за да ја заштитат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека првата цел на Путин е да го освои меѓународното пристаниште во Кишињев.

Министерството за одбрана на Русија, пак, го обвини официјален Киев оти во блиска иднина подготвува инвазија на молдавската автономна покраина Приднестровје што се граничи со Украина, а каде што Русија има свои трупи.

Во објава на Телеграм, руското Министерство наведува дека како изговор за нападот, Киев планира да изврши наводна инвазија на руските војници кои се стационирани на територијата на молдавската покраина.

Руските власти тврдат дека нападот на молдавската покраина ќе ја изведат единици на украинските вооружени сили, вклучително и формацијата на украинската ационална гарда „Азов“.

Во декември минатата година, пак, шефот на молдавското разузнавање предупреди дека постои „многу висок“ ризик од нова руска офанзива на истокот на неговата земја на почетокот на 2023 година и дека Москва сè уште има за цел да обезбеди копнен коридор низ Украина до отцепениот молдавски регион Приднестровје.

Поврзани новости