557
Грчкиот министер за здравство Танос Плеврис изјави дека во моментов не се планира воведување карантин во земјата по повод претстојните празници ниту, пак, некои дополнителни антиковид-мерки, известува грчката телевизија „Скај“, а пренесува МИА.
„И Божиќ ќе славиме и Нова година ќе славиме, и бидејќи слушам различни сценарија, не постои размислување да одиме на рестрикции кои ќе упатуваат на заклучување“, истакна Плеврис.