631
Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бионтек веројатно ќе понуди силна заштита од потешка форма на оваа болест предизвикана од новиот сој на корона вирусот Омикрон, најави извршниот директор на Бионтек, Угур Сахин.
Тој потврди дека е направена лабораториска анализа на крвта кај луѓе кои примиле две или три дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, што во следните две недели ќе одговори дали нивните антитела се ефикасни против Омикрон или дали се потребни нови вакцини.
– Сметаме дека е веројатно дека луѓето кои ја примиле оваа вакцина ќе имаат значителна заштита од тешки форми на болеста предизвикани од Омикрон, рече Сахин.