Витаминот Д е еден од оние витамини кои се клучни за правилниот раст и развој на децата, и затоа ако си грижлив родител досега сигурно си се запрашал дали твоето дете внесува доволно количество од овој витамин?
Наједноставниот одговор би бил веднаш да кажеме дека препорачаната дневна доза на витаминот Д за деца до една година е 400 IU, а кај децата над една година 600 IU, но овој витамин е толку важен што заслужува за него да продискутираме малку повеќе.
Кога ќе се помисли на важноста и придобивките од витаминот Д за детското здравје, прво се помислува на здрави коски и заби, но витаминот Д е многу повеќе од тоа!
Витаминот Д е вклучен во различни метаболни патишта во човечкото тело и освен за здрави коски и заби тој е потребен и за:
· Одржување на силен имунитет
· Правилен развој на мозокот и нервниот систем
· За одржување на балансирано расположение
· За одржување на нормално ниво на шеќер во крвта
· За добро здравје на срцето и на крвните садови
· За заштита од развој на дегенеративни болести и рак
Неговиот недостаток во исхраната на децата во минатото бил чест, и тоа било главната причина за појава на рахитис, односно деформитети во коскениот систем. Но во денешно време ретко е да се забележи детенце со ноџиња во форма на буквата О, или со недоволно цврсти коски како директна последица на недостатокот на овој витамин.
Откако научниците ја откриле важноста на суплементирањето на доволна количина на витамин Д уште од најрана детска возраст, многу проблеми поврзани со неговиот дефицит станале минато, вклучувајќи ги и проблемите со правилниот развој на скелетниот систем.
Но,од друга страна за жал во денешно време се поголем е бројот на деца со АДХД, а испитувањата покажале дека кај поголемиот број од овие дечиња меѓудругото постои недостаток на витаминот Д.
За да се превенираат билокакви проблеми кои би произлегле од недоволен внес на овој витамин во телото, педијатрите денес на сите новороденчиња и мали деца им советуваат употреба на додатоци во исхраната кои ја содржат препорачаната днева доза на витамин Д.
Потребата од суплементирање со овој витамин е поголема во есенските и зимски месеци од годината, кога и нашата изложеност на сонце е помала.
Добар извор на витамин Д се дивиот лосос, шитаке печурките, јајцата итн, но многу е тешко потребната количина од овој витамин да се обезбеди само од храната, и токму затоа денес постои голем избор на додатоци во исхраната кои најчесто содржат рибино масло.
Друг многу важен извор на витамин Д е сончевата светлина. Под дејство на ултравиолетовите сончеви зраци човечката кожа самата почнува да создава Д витамин. Но, според некои стручњаци овој начин на обезбедување на доволна количина на Д витамин е меч со две оштрици, затоа што пресилното ултравиолетово зрачење може да ја зголеми можност за развој на меланом.
Дилемата е дотолку поголема, затоа што постојаната употреба на крем со висок СПФ фактор, нема да дозволи во кожата да се активира овој природен процес на создавање на витамин Д и сите препораки за изложување на сонце со цел да се создаде Д витамин, се однесуваат на незаштитено сончање, без употреба на билокакви хемиски филтри.
Затоа во денешно време суплементацијата со висококвалитетни додатоци во исхраната можеби останува да биде и најбезбеден метод, за да осигураме дека нашите деца во своите тела секојдневно внесуваат доволна количина на витамин Д.
Мр.фарм. Весна Константинова
ПР текст