Дали споменикот на УЧК се вклопува во зелената агенда на ДУИ?

ДУИ 20 години не успеа да спроведе фекална канализација во Мала Речица, вели во изјава за Фокус Џевдет Хајредини.

by Фокус

Отворањето на споменикот на УЧК во Липково предизвика низа реакции во јавноста, но ја наметна и дилемата дали ДУИ со вакви потези со етничка димензија покажува дека трансформацијата во зелена партија бил обичен предизборен маркетинг?

ДУИ не застапува зелена еколошка агенда. Тие 20 години не успеаа ниту да спроведат фекална канализација во населбата каде им е седиштето на партијата. Главна цел им е со демагогија и популизам да го сокријат долгогодишниот криминал и корупција, со помош на ВМРО и СДСМ – вели за Фокус политичкиот аналитичар Џевдет Хајредини.

Како што е познато, во пресрет на последните локални избори, партијата на Али Ахмети се ребрендираше во зелена партија, истакнувајќи дека етничките прашања се затворени со целосната имплементација на Рамковниот договор и дека е време за еколошките теми.

В.С.

Поврзани новости