Абдоминална надуеност и болки во желудникот се два од најчестите проблеми со кои се соочуваат луѓето, иако тоа не е секогаш поврзано со болест.
Според доцент Др. Владимир Андреевски – Гастроентерохепатолог во VFV Clinic, во најголем број случаи начинот на исхрана е главен фактор, затоа во оваа насока додаде дека треба да внимаваме што јадеме и како јадеме.
„Постојат повеќе состојки во храната, кои што делуваат како тригер за појава на симпотми на рефлукскна болест и тоа генерално гледано се сите видови на храна кои во себе содржат голема концентрација на маснотии, понатаму сите концентрирани благи особено чоколадата, зачинетата и лутата храна “, додаде тој.
Иако сода бикарбона се смета за најбрзо решение за овие проблеми Др. Андреевски вели дека во принцип овој антацид воопшто не треба да се користи бидејќи неговата реакција предизвикува штетни ефекти во желудникот како руптура или прскање на желудникот.
Ова и многу други корисни совети како да го зачувате здравјето на желудникот погледнете ги во видеото во прилог.
ПР текст