Се надеваме дека нашата одлука за прогласување на еден руски дипломат за пресона нон грата, нема да влијае врз односите меѓу Северна Македонија и Русија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска одлуката на МНР за протерување на дипломатот од земјава.
Османи повтори дека ваквата одлуката е донесена поради однесување на дипломатот, кое е неспоиво со дипломатскиот статус и правила. – Врз основа на сериозна истрага на случајот донесена е одлука тој да ја напушти земјата во рок од 7 дена, додаде Османи.
Шефот на македонската дипломатија изјави дека засега нема најава за реципрочна мерка од руска страна, но, како што нагласи, секоја држава има инструменти и можност да преземе теков чекор.
– Оваа одлука не е поврзана со нашите односи со Руската Федерација, иако се случува во услови како да се солидаризираме со нашите сојузници во врска со некои однесувања на Русија, додаде Османи.