587
Не сум размислувал да се кандидидам за лидер на СДСМ, тврди довчерашниот скопски градоначалник Петре Шилегов, чие име периодов неофицијално се споменуваше како еден од можните претенденти за наследник на Зоран Заев, кој најави повлекување по поразот на локалните избори.
Шилегов само кратко ни искоментира дека не размислувал за таа тема и дека она што му е најважно е што побрзо да се создаде влада и земјава да добие датум за преговори со ЕУ.
Инаку, тој одби да даде коментар за заменик-министерот за финансии Драган Ковачевски, кој се смета за најсериозен кандидат за наследник на Заев на лидерската позиција во СДСМ, а со тоа и на премиерската функција.
Ф.Ф.С.