Дали се следеле политичари и новинари со шпионски софтвер, праша Петрушевски

by Фокус

Како Ковачевски и Спасовски дозволиле во Македонија да се креира шпионски софтвер, каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со Сајтрокс, зошто ЈО молчи, праша Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски и Спасовски треба да одговорат како е возможно во Македонија со години да се развива шпионски софтвер, за кој НАТО и САД се против, а власта ништо да не преземе? Ова е доказ дека власта е лицемерна, и само за бледа реторика ги користи НАТО и ЕУ и САД, а кога треба да се прави профит не им е гајле за никој од нашите стратешки партнери – вели тој.

Дополнително, додаде Петрушевски, опасно е тоа што софтверот на фирма која заврши на црна листа на САД, а бил развиван во Македонија со години.

-Дали Ковачевски и Спасовски свесно дозволиле да се развива таквиот шпионски софтвер, особено ако знаеме дека фирмата уште во 2021 година била ставена на црна листа на Фејсбук. Спасовски и Ковачевски не можат да кажат дека и за тоа не знаеле. Туку треба да одговорат зошто не преземале ништо и дали можеби и тие ги користеле услугите на тој софтвер и ако да, за кои цели – праша Петрушевски.

Дали и во Македонија, како и во Грција со помош на тој софтвер се следени политичари, новинари и јавни личности, праша тој.

Поврзани новости