„Дали се шегувате или што“: Вучиќ изненаден поради прашање за Радоичиќ

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ на новинарско прашање на „Скај њуз“ зошто нема да го екстрадира Милан Радоичиќ во Приштина одговори со реченицата – „дали се шегувате или што“.

„Ве прашувам дали се шегувате затоа што знаете дека не можеме никого да го испорачаме во Приштина, бидејќи не го признаваме Косово како држава“, рече претседателот на Србија.

Поврзани новости