Дали Путин на Украина ќе и дозволи влез во ЕУ?

by Fokus

Русија и Украина утре во Турција ќе ги продолжат разговорите, а новинарот на Фајненшл тајмс наведува некои од точките за кои страните треба да разговараат.

Според ФТ, Русија повеќе нема да инсистира на „денацификација“ на Украина и ќе даде зелено светло за нејзино пристапување во Европската унија – под услов да се откаже од членството во НАТО.

Новиот нацрт-договор не ја содржи често спомнуваната „денацификација“ и „демилитаризација“, ниту „заштита на рускиот јазик“, велат анонимни извори на ФТ.

– Турција е меѓу земјите кои би можеле да му понудат безбедносни гаранции на Киев како дел од каков било договор со Русија за ставање крај на војната во Украина. Турција е меѓу оние земји кои би можеле да станат гаранти на нашата безбедност во иднина, изјави денеска високиот украински функционер Игор Жовква.

Поврзани новости