619
Како бугарскиот клуб со назив Ванчо Михајлов добил дозвола за регистрација, кога со себе носи меморија на нешто негативно, праша историчарот Тодор Чепреганов.
-Зошто клубот е отворен токму во Битола, дали пробугарската струја е најсилна во Битола? И чудно е како нашата политика не реагира на овие провокации – рече Чепреганов на ТВ 24.
Според него, не треба да се бега од историските факти, од типот на тој дека Бугарија била нацифашистичка за време на Втората светска војна.
-Зошто бугарската политичка елита не се извини за 3.000 депортирани Евреи од Битола во Треблинка. Холокаустот е делот на нацизмот, не може да бегаат од тоа – истакна Чепреганов.