Дали Неделкова бира кој ќе му суди на Панчевски?

by lali

Неизвесно е кој судија од Кривичнито суд ќе му суди на претседателот на судот Владимир Панчевски. По поднесената кривина пријава од Доне Таневски, претседател на Управниот одбор на угостиелската компанија Македонијатурист, Панчевски се соочува со ситуација во која некој од неговите судии ќе мора да пресудува дали извршил самовластие, како што стои во пријавата, во врска со просторот кој се користи како влез во центарот на Скопје, поточно зад Пивница- ресторанот на улицата „Никола Вапцаров“.

Фокус ја започна оваа приказна на во април годинава, (линк до сторијата) кога беше извесно дека ќе стартува судски процес, но и по два месеца продолжуваат нејснотиите и конфронтирањата кој судија да суди, во кој суд и дали зад целиот случај се крие влијанието на претседателката на Врховен суд Лидија Неделкова, која е во роднинска врска со подносителот на пријавата, Таневски?

Откако компјутерскиот систем ја избрал судијката Лидија Зимбовска да му суди на претпоставениот Панчевски таа веднаш побарала да се иземе целиот суд од одлучување затоа што проценила дека постои судир на месна надлежност со малку извртени тези дека тој ќе влијае врз процесот. Но, апелација проценила дека Кривичниот суд е стварно и месно надлежен и дека не постојат пречки тој да суди.

НЕЛОГИЧНИ БАРАЊА ЗА ИЗЕМАЊЕ

Потоа во обидот да се иземе судот се појавува адвокатот Антонио Апостолски кој поднел барање за да се иземе претседателот Панчевски во однос на иземањето на судијката Зимбовска, иако тоа е малку спорно, односно иземање на претседател е можно само кога одлучувал во предметот, што тука не е случај. Сега, последната информација, според изворите на Фокус од судот, е дека Панчевски делгирал друг судија кој би одлучувал за иземање на Зимбовска. Ако помине нејзиниот обид, тоа може понатаму да го користат и другите судии кои евентуално би биле назначени да му судат на Панчевски, што само ќе го одолговлекува и отежнува процесот.

Дури, во барањето на Апостолски се бара и иземање на Лилјана Шопова, претседателката на Апелациониот суд во Скопје заради наводна блискост со Панчевски.

Истовремено, Апостолски побарал иземање на Основното јавното обвинителство затоа што таму Панчевски поднел пријава против Таневски од Македонијатурист за узурпација и бесправно градење оти смета дека ресторанот Пивница незаконски изграфил летна тераса врз негов имот.

За да биде случајот специфичен до крај иземање е побарано и на Граќанскиот суд во Скопје во однос на пријавата која таму ја поднел Таневски наспроти таа во Кривичниот. Во Граѓанскиот поднел тужба за нарушено владение, но затоа што наводно Панчевски и таму можел да влијае врз сите судии, одлуката е пренесена во Врховниот суд да одлучува кој суд ќе суди, или поточно кај Неделкова, роднината на Таневски.

prolaz-620x465

СЕКОЈ СО СВОЈА ПРИЈАВА, СУДОТ ДА ЈА ОТКРИЕ ВИСТИНАТА

Значи, Панчевски против Таневски има една пријава во обвинителството, а Таневски против Панчевски преку адвокатот Апостолски има две, една во кривичен, една во граѓански, но хаосот со иземањата на судии и судови и на обвинители ги одложуваат процесите.

Што се однесува до спорното имотно прашање, со пријавите, Таневски тврди дека Панчевски и неговиот прв братучед, со кого се наследници на станбена зграда, насилно остраниле врата од ковано железо и рушиле ѕид од гипс- картон и така си овозможиле пристап до нивниот влез кој води до зградата, а при тоа преминот поминува врз имотот на ресторанот. Штетата што ја причиниле Панчевски, спроед пријавите, е малку под 80 илајди денари.

Станува збор на тесниот премин кој почнува позади кафе барот „Тренд’ и кој по 20-тина метри завршува со две врати, едната лево која е практично влез за станбената зграда на Панчевски и другата десно која е дел од терасата на ресторанот „Пивница“. Вратата за која зборува Таневски во пријавите дека му е насилно отстранета практично била на самиот премин и со тоа Панчевски не можеле да имаат пристап до нивниот влез.

Како аргумент дека вратата морала да остане каде што е, а дека на Панчевски не им следува пристап до сопствената зграда, Таневски во пријавите го доставил имотниот лист за да тврди дека имотот е практично на Македонијатурист и дека Панчевски немаат право да го користат влез преку преминот, иако од тука минувале со децении Но дали тоа е така? И дали имотниот се однесува само на земјиштето на кое е лоциран ресторанот или пак и за спорниот дел? Секако дека сега судот ќе мора да утврди чија е парцелата и дали таа треба да се користи како премин за двете, сега конфронтирани страни или не.

Но, според парцелите во Катастар местото каде што била поставена железната врата, а потоа отстранета е во сопственост на државата. Затоа преминот мора да остане прооден, односно во станбената зградата да влегуваат сопствениците, а на тересата од ресторанот угостителите и гостите.

prolaz3-620x465

Уште од самиот старт овој случај е ставен во контекст на недоразбирањата меѓу Недлкова и Панчевски. Кој е кој во македонското судство? Многумина коментираат дека Неделкова ќе се обиде да стори се Панчевски да биде поразен во процесот кој за сега е далеку од завршница затоа што се користат сите механизми да се ескивираат судиите и судовите на кои реално им припаѓаат предметите.

Поврзани новости