Дали МВР премолчува вмешаност на Ариф Асани во пукањето во Чаир?

by fokus

МВР на СДСМ/ДУИ молчи и не открива дали е точна вмешаноста на заменикот – директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани во престрелка меѓу полициски службеници со функции. Дали МВР премолчува факти и крие самоволие коешто доведува животи во опасност само и само да опстои коалицијата на СДСМ со ДУИ?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-МВР на СДСМ/ДУИ молчи дали е можно да дозволи лице да има физички контакт со полициски службеници, да пука пред полицајци поради контрола на автомобил, и тој што пукал да пуштен со асистенција на заменикот – директор на БЈБ? И сето тоа да се случува пред ресторан, околу 20 часот, среде булевар, при голема френквентност од луѓе?

Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштен заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност!?

МВР на СДСМ/ДУИ не кажува дали се точни информациите во медиумите, и со тоа поттикнува неказнивост за криминогено однесување и со тоа сее страв кај граѓаните, само и само да опстои власта на СДСМ?, реагира Стоилковски.

Поврзани новости