По смртта на кралицата Елизабета Втора, децата на принцот Хари и на Меган Меркл треба да станат принц Арчи и принцеза Лилибет, освен акпо новиот британски крал не одлучи да ја прекине традицијата и да ги смени правилата.
Промената на титулите доаѓа кога новиот монарх го презема престолот и кога правнуците на претходниот владетел стануваа внуци на новиот. Иако децата на војводата и на војвотката од Сасекс по закон имаат право на своите кралски титули, Меган претходно јавно изрази сомнеж дека на нејзините деца ќе им бидат одземени кралските титули.
Во ланското интервју кај Опра Винфри, поранешната актерка изјави дека кралското семејство разговарало за промена на правилата за да спречат нејзиниот син Арчи да ја преземе својата титула на принц.
Меган притоа додаде и дека таа одлука ја донеле уште додека била бремена со првото дете и тврдееше дека идејата произлегла од загриженоста во британското кралско семејство дека детето на принцот Хари и на Меган ќе биде со црна боја на кожата.
Меган во текот на интервјуто имплицира дека нејзиниот син не станал принц и не добил осигурување поради бојата на кожата. Но, сега витината излегува на виделина, како и манипулацијата на Меган коментираат британските медиуми.
Таа во интервјуто со Опра не споменува дека во моментот на своето раѓање Арчи воопшто немал право да стане принц, но не поради можната темна боја на кожата, туку поради кралскиот протокол според кој децата во кралското семејство не можат да добијат осигурување, туку осигурувањето го делат со родителите.
Според протоколоте кои во 1917 година ги воспоставил кралот Џорџ Петти, дедото на кралицата Елизабета, децата и внуците на монархот добиваат титули, но правнуците се исклучени.
Во времето на нивното раѓање децата на принцот Хари и на Меган – Арчи (3) и Лилибет (1) биле правнуци на суверенот, а со тоа немале ни законско право на титули. Но, Меган тоа не го споемнува, туку имплицира дека тоа е поради бојата на кожата.
Тие се сега внуци на новиот крај и ги добиваат титулите принц Арчи и пшринцеза Лилибет, освен ако кралот Чарлс Трети не донесе нов пропис.
Според сегашната линија на наследување, Арчи и Лилибет кои живеат со своите родители во Калифорнија, се шести и седми во редот за британскиот престол. Пред нив доаѓаат нивниот чичко Вилијам и неговите три деца – Џорџ Шарлот и Луис, а по нив е принцот Хари.