Опозициската ВМРО-ДПМНЕ која деновиве води јавна војна со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку соопштенија обвинува дека Арсовска е уценета и дека е дел од новоформирана коалиција каде наводнос биле собрани луѓе уценети од МВР и генералниот секеретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
Новото лице на СДС е Данела Арсовска. Таа е лидер на новоформираната клемптоманска коалиција каде се собрани уценети луѓе од Спасовски, Зечевиќ и МВР.
– Тоа што СДС одговара во име на Данела Арсовска потврдува дека наводите за тајна средба Арсовска Ковачевски имаат основа.
За неполни 48 часа во време на инфлација и енергетска криза клептоманската СДС плати и и’ поклони билборди на Арсовска само за да се пресметува со ВМРОДПМНЕ, потоа оддржува прес конференции за сомнеж за криминал кој го прави Данела Арсовска и кој неосновано се препишува на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно е дека клептоманската СДС ја „црпна“ Арсовска да биде новото лице во уценетата и новоформирана коалиција која одработува за својата слобода пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката СДСМ пак го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да не се крие позади лаги и тврдат дека немало средби на Зечевиќ и Ковачевски со Арсовска.
-Секогаш кога се фатени со „рачињата во медот“ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните дежурни курири пласираат невистини и лажни вести во надеж дека ќе го покријат скандалот.
Проблемот овој пат им е поголем, затоа што самите се фатија, се скараа за пари и тендер вреден 136 милиони евра а институциите веќе го истражуваат случајот.
Нека не се крие шпицниот градоначалник Мицкоски позади лаги. Немало средби на Ковачевски и Зечевиќ со нивната кандидатка а потоа и избрана градоначалничка Данела Арсовска.
Ниту во четврток, ниту некогаш имало средба на Зечевиќ и Ковачевски со Арсовска, тврдат од СДСМ.