Измените на Изборниот законик за една изборна единица и други елементи што ги бараат „помалите“ партии, идната недела влегува во собраниска процедура.
Откако една година беше заглавен во собраниските лавиринти, овие законски измени во вторник ќе се најдат пред матичната Комисијата за политички систем.
Ова следува откако претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, пред два дена од собраниска говорница побара власта конечно да ги одблокира измените на Изборниот законик, за што доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, поддршка изјави и СДСМ, со тоа што од таму упатија на консензус од сите партии.
Во изјава за Фокус, Трајанов вели дека по расправата во Комисијата се предвидува и јавна дискусија во однос на законските измени, каде ќе може се вклучат вонпарлментарни партии, експерти, невладини сектор и сите заинтересирани страни.
-Се очекува поддршка од поголем број на парламентарни партии – вели Трајанов.
В.С.