Дали ќе се бара екстрадиција на Алил Демири – во 10 години Македонија само два пати ги побарала бегалците

by Fokus

Министерот за правда, Кренар Лога бил известен од Министерството за внатрешни работи дека лицето Алил Демири е лишен од слобода на Косово.

Ова е одговорот од Министерството за правда на прашањето на „Фокус“ дали Македонија ќе бара екстрадиција на Демири кој денеска беше уапсен во Косово, без конкретно да се посочи дали ќе се бара испорачување на уапсениот бегалец.

Неделникот „Фокус“ пишуваше дека иако во јавноста е создаден впечаток дека македонските власти упорно бараат екстрадиција од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, од 2012 кога беше извршен масакарот, па се до денес, екстрадиција била побарана само два пати.

Зошто државата веќе не ги бара бегалците од ,,Монструм”?

Според официјалниот одговор кој тгаш „Фокус“ го доби од Правда, барање за екстрадиција имало еднаш во 2013 и во 2018 година.

Може да се заклучи дека од министрите за правда најажурна била Рената Дескоска, бидејќи таа пратила и две ургенции во 2019 и 2020 година, бидејќи од Косово не испратиле одговор, на последното барање.

Најавите пак кои подоцна доаѓаа од правда, во 2020 и 2022 година, дека се спремаат нови барања за екстрадиција, останаа лага.

Пред три години министерот Бојан Маричиќ изјавуваше дека тој е спремен да испрати ново барање, а последното ветување од министерството беше минатат година, откако Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Монструм“, со која двајцата бегалци се осудени на доживотен затвор. Но и двете писма никогаш не стигнаа на адресата во Косово.

Сега пак случајот „Монструм“ по втор пат се наоѓа пред Врховниот суд. Првиот пат случајот падна и премина во рацете на СЈО, а сега повторно финишот за правосилноста на пресудата е неизвесен.

Алил Демири е осуден на доживотен затвор дека ги изрешетал четирите момчиња и рибарот

Демири и Исмаиловиќ неколку пати беа апсени на Косово за други дела, но никогаш не беа испорачани на издржување на затворската казна. Во една прилика, косовскиот премиер, Албин Курти при посета на Македонија кажа дека нема доверба во нашиот правосуден систем и побара меѓународна помош во расчистување на овој случај.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости