1.1K
Дали пратеникот Кастриот Реџепи, кој во ноември не се појави на собраниската седница на која требаше да се гласа за доверба на владата бил чуван во премиерската вила, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Дали поранешниот премиер Зоран Заев злоупотребил државни објекти, во коишто го чувале Кастриот Реџепи и дали државни објекти, пред сѐ премиерската вила и премиерските простории, се злоупотребени за Кастриот Реџепи да биде чуван, изјави Николоски во емисијата Дебати на ТВ Шења.
-Ако не е така, нека ме демантираат, рече Николоски и порача дека откако ќе се смени власта, се ќе излезе на виделина.