Со смртта на кралицата Елизабета II, нејзиниот син Чарлс станува крал, а неговата сопруга Камила станува кралица консорт (Queen Consort).
Ваквата титула за Камила е барање што кралицата Елизабета го упати во февруари, во пресрет на нејзиниот платинест јубилеј, по повод 70 години на тронот.
„И кога мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека ќе му ја дадете и на неговата сопруга Камила истата поддршка што ми ја дадовте мене, и мојата искрена желба е кога ќе дојде тоа време, Камила да да биде позната како Queen Consort бидејќи ја продолжува сопствената лојална служба“, рече кралицата.
Изјавата беше прв пат кога кралицата јавно се осврна на улогата на нејзината снаа во идната монархија.
Кога Чарлс и Камила се венчаа во 2005 година, имаше одредена дебата за тоа каква титула ќе земе Камила кога Чарлс ќе стане крал.
За време на нивната венчавка, портпаролот на парот предложи таа да ја земе титулата принцеза консорт.
„Queen Consort“ е титулата што се дава на сопругата на кралот, а според законот на Велика Британија, кој и да е во брак со крал веднаш би станал таков и ќе биде познат како кралица.
Имаше одредена загриженост дека јавноста може да негодува доколку Камила стане кралица, поради што беше предложена оваа титула со додавка.
Додека кралицата консорт го има женскиот еквивалент на титулите на нејзиниот сопруг и има руна за себе, таа не го дели суверенитетот на кралот, ниту ги дели неговите политички и воени овластувања.