294
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема да преговара јавно на прашањето дали го повикал Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки.
Израел, имено, одлучува како да одговори на големиот ракетен напад што Техеран против него го изврши во вторник. Неофицијални извори блиски до израелската влада велат дека цел може да бидат иранските нафтени постројки.
Бајден веќе јавно кажа дека во својот одговор го советува Израел да не ги гаѓа иранските нуклеарни постројки. На новинарско прашање дали ќе го повика Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки, тој рече: „Знам дека не треба јавно да преговараме“.