Дали има повратници од Сирија и Ирак кои биле дел од ИСИС и Ал-Каеда не се дел од листата „Безбеден град“?

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски треба да одговори дали има повратници од боиштата во Сирија и Ирак кои биле дел од ИСИС и АЛ-КАЕДА кои не се дел од листата „Безбеден град“ на МВР, повикува во денешната реакција опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали Спасовски е свесен дека ваквите лица може да се сериозна закана за безбедноста? Дали и членови од нарко бандите во Скопје, намерно се испуштени од оваа листа, затоа што некому во полицијата тоа му одговара така?

Дали Спасовски сузбива диви продавачи на марули на пазари и апси лица со воздушни пушки, а сериозни криминалци не се дел од мерките на полицијата? Што уште треба да се случи овој човек да си поднесе оставка?

Дали Спасовски сузбива диви продавачи на марули на пазари и апси лица со воздушни пушки, а сериозни криминалци не се дел од мерките на полицијата? Што уште треба да се случи овој човек да си поднесе оставка?, се вели во реакцијата на опозицијата.

По пишувањата на неделникот „Фокус“ за криминалните групи на скопското подземје, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прозва министерот да одговори зошто на списокот на МВР од „Безбеден град“ нема ниту еден член на групите „Беланоца“, „Кондово“ и „Барон“.

По двојното убиство што се случи на почетокот на месецов кога беа убиени двајца членови на „Дуќанџик“ во напад под Кале, Спасовски соопшти дека МВР спроведува опсежна оперативна активност, наречена „Безбеден град“ и таа активност е насочена токму кон такви криминални структури.

Поврзани новости