По честите посети на Христијан Мицкоски на Будимпешта, локацијата каде што е пребеган Никола Груевски, со право се поставуваат прашањата со што криминалецот во бегство го држи Мицкоски под контрола, соопштија од СДСМ.
„И Мицкоски ли е сниман од страна на Груевски па затоа мора да ги спроведува сите негови нарачки? Што се има Груевски за Мицкоски за овој да мора по секоја цена да му ги брани криминалите? Секојдневно се покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија предводена од Груевски, партија заштитник на криминалот“, велат од СДСМ.
Инаку, владејачката партија алудира на снимките што излегоа меѓу Груевски и бизнисменот Орце Камчев, кои говорат за Плацевите на Водно. Груевски ја потврди автентичноста на снимките, a Мицкоски во исто време беше во Будимпешта на повик на Виктор Орбан.