Референдумот на општина Центар за изгледот на ГТЦ ќе се спроведе на 26 април на 78 избирачни места, определи Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница. Избирачкиот список со вкупно 43.461 гласач ќе биде ставен на јавен увид и проверката ќе трае седум дена почнуваќи од денеска.
Значи дека за да биде успешен референдумот ќе мора да гласаат ЗА 21.731 гласач и така ГТЦ да го зачува стариот изглед и да не добие барокна фасада, иако референдумот не е обврзувачки. Но, секако тој ќе биде артикулација на волјата на граѓаните. Со оглед дека има шанси референдумот да прерасне во политичка битка на власта и опозицијата бројката потребни гласови изгледа тешко остварлива.
За потсетување, во општина Центар Андреј Жерновски на локалните избори имаше околу 15 илајди гласвои, а кандидатот на опозицијата за претседател Стево Пендаровски околу 16 илјади. Ако сега се очекуваат само гласовите на опозицијата тогаш бројката од 21 илајда е голема, но со оглед дека референдумот е граѓански, а ГТЦ е јавен простор на сите жителите на градот, тогаш бројката секако дека е достижна.
Претседателот на ДИК, Никола Рилковски истакна дека постои опасност и понатаму да има пријавено по 50-тина гласачи во еден стан во општина Центар алудирајќи на жителите на Пустец. Таквите гласачи иако може да не излезат на референдумот за да гласаат против, затоа што тука е важно дали ќе има над 50 проценти ЗА, сепак фиктивно ја зголемуваат бројката гласачи.