Дали Франција ќе даде согласност за договорот ЕУ-Австралија?

by Fokus

Преговорите за договор меѓу ЕУ и Австралија најверојатно ќе бидат прекинати поради противење Франција на која Канбера и откажа договор за подморници вреден милијарди, јави Политико. Според изјави на француски претставници државата тешко дека ќе учествува во такви разговори.

Досега се одржани единаесет работни состаноци каде се бара голем комерцијален договор.

Австралиската влада се обидува да организира бесплатен пристап до европските земји за производите на своите фармери. Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон нагласи дека за неговата земја ќе биде тешко да ја одобри таквата одлука. Доколку Франција одбие да даде согласност,  тоа значи дека ЕУ не може да гарантира единствено решение.

Поврзани новости