Беким Максути, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, е кадар на ДУИ, кој пред да дојде на директорската позиција беше заменик-министер за одбрана во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога министер беше Емил Димитриев, но и потоа кога власта ја презеде СДСМ, а во одбрана дојде Радмила Шекеринска.
Максути има долга кариера во АРМ, но токму како мајор со армиска униформа салутираше пред споменик на паднатите борци на УЧК во 2012 година. Дисциплинска за ова немаше, но затоа сега е еден од ретките функционери од ДУИ за кого Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води постапка, која сѐ уште е предистражна.
Максути беше споменуван и по суспендирањето на поранешната шефица на ова обвинителство, Вилма Русковска, како еден од функционерите за кого во нејзино време беше отворена постапка, како редок пример, „експонат“ од ДУИ.
Но, за волја на вистината, ова е единствената постапка што ја отворија истражните институции за пожарите, кои минатото лето ја пеплосаа земјава и се уште е во предистрага.
Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК