Дали бегството од затвор е договорено со СДСМ, праша Стоилковски

by Фокус

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска на прес-конференција истакна сомнеж дека последното бегство од затворот Идризово на оуден за убиство затвореник е договорено со СДСМ.

-Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза. Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби – рече Стоилковски.

Тој посочи дека командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДСМ.

-И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“. Со оглед Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? – праша Стоилковски.

Според него, нема безбедносен скандал, криминал и криминалец којшто нема конекција со СДСМ.

Поврзани новости